Caнкциoниpaнa американската кoнгpecмeнкa кoja пoбapa импичмeнт зa Бajдeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше во четвртокот за дисциплинсктата постапка против републиканската конгресменка Мерџори Тејлор Грин, којашто е позната по промовирење на теориите нз заговор и која бараше поведување процес за отповикување на актуелниот демократски претседател Џо Бајден, а беше критикувана за низа контроверзни изјави.

Претставничкиот дом, во кој мнозинството го има Демократската партија, гласаше со 230 гласови „за“, од кои 219 демократи и 11 републиканци, а 199 републкански пратеници гласа „против“, Грин да биде исклучена од комитети за образование и труд, и за буџет.

Станува збор за невообичаена постапка бидејќи вообичанео е парламентарните групи да го регулираат составот на комитетите. Претходно водачот на републиканската опозиција во Претставничкиот дом, Кевин Меккарти, одби да ја повлече Грин од двете комисии. Тој во средата во соопштение ги осуди нејзините претходни изјави, но даде до знаење дека партијата нема да ја санкционира.

Самата Грин се обиде пред гласањето да се огради од некои од најконтроверзните изјави дадени во минатото. Таа, меѓу другото рече дека верува дека терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле реалност, како и дека биле факт пукањата во училиштета пред повеќе годни. Грин, исто така, се откажа од теоријата на заговор позната како QAnon, според којашто демократите се тајно здружение на педофили, а дека поранешниот претседател Доналд Трамп имал намера да го уапси политички естаблишмент во земјата и да го изведе пред воен суд.

Грин во изјавата рече дека жали поради запалливата реторика, како и за „лајкањето“ на пост со кој се повикува на ликвидација на претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси.

Претходно, лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, изјави дека споделените „безумни лаги и теориите на заговор“ на конгресмеката Грин станале „канцероген тумор за Републканската партија“. Според CNN, истражувањето на објавите на републиканката Грин на Facebook покажало дека таа зборувала за поддршка на идејата за егзекутирање на истакнати лидери на демократите, а исто така наводно искажувала поддршка за „насилно однесување“.

Конгресменката од сојузната држава Џорија го поддржуваше претходниот републикански претседател Доналд Трамп во тврдењата дека му е украдена победата на изборите на 3-ти ноември 2020 година.

Меѓутоа, Грин исто така во Претставничкиот дом поднесе допис за импичмент на новиот демократски претседател Џо Бајден под обвинение за корупција. Според неа, Бајден „ја злоупотребил својата позиција и моќ (во времето кога беше потпретедател на САД од 2009 до 2016 година) за да му овозможи на својот син Хантер Бајден да извлекува пари од најголемите американски непријатели – Русија и Кина“. Станува збор за случај за кој е поведена судска истрага, но во Конгресот тој нема никакви шанси да мине, бидејќи барањето на Грин за осуда на Бајден не е поддржано од демократското мнозинство во Претставничкиот дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This