April 26, 2024, 11:00 pm

Ceдyм ceлa вo Општина Босилово бeз вoдa пopaди дeфeкт нa глaвниoт цeфкoвoд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради дефект на главниот цевковод од браната „Иловчанка“, преку кој се снабдува со вода Општина Босилово, седум населени места денеска и утре ќе немаат вода.

Според градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков, се работи за голем дефект, а екипи работат на негово остранување.

-Цевките кога биле поставувани биле неквалитетни и се дотраени, а во цевководот нема и „песочни перници“. Екипите на комуналното претпријатие се на терен и очекувам во текот на утрешниот ден да биде отстранет дефектот и да се нормализира водоснабдувањето, рече Зимбаков.

Од ЈПКД „Огражден“ соопштија дека освен општинскиот центар Босилово, без вода се и селата Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново и ги замолуваат граѓаните за разбирање. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This