Ceкoj 60-ти Италијанец зapaзeн co кopoнaвиpyc, влaдaтa вoвeдyвa нoви мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој 60. Италијанец е заразен со Ковид-19, бројот на нови случаи на инфекција на дневна основа е близу 40.000, а на секои сто тестирани лица 16 се позитивни на вирусот, пишува агенцијата Анса.

Владиниот комесар за вонредни ситуации Доменико Аркури тврди дека последните владини мерки, донесени минатата недела, даваат резултати.

Според него, во некои региони, кривата на раст на заразата со коронавирус е забавена, а во други региони, бројот на новоинфицирани продолжува да расте, затоа ќе бидат преземени нови построги мерки.

Новите мерки стапуваат на сила во трите региони Фриули Венеција Џулија, Венето и Емилија Ромања.

Веќе овој викенд ќе бидат затворени сите продавници и трговски центри, освен аптеките и продавниците за храна, спортските активности ќе бидат дозволени во парковите и периферните делови на градот, а забранети се собири на граѓани.

Новите мерки се во прилог на веќе постојните ограничувања претходно донесени од владата во Рим.

Според соопштението на цивилната заштита, состојбата во одделите за интензивна нега, каде што сега се сместени околу 3.000 пациенти, е загрижувачка.

Регионалните влади утврдуваат кои установи може да се претворат во таканаречени „ковид-хотели“, односно места каде што може да се сместат ковид-пациенти со поблага клиничка слика, со цел да се олеснат болниците кои се под притисок поради големиот прилив на нови пациенти, бидејќи има недостаток на слободни кревети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This