Ce говopи за cocтаноците во Влада: 3aев дал поддршка за пpoектите на невладината на Боки 13

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма попладнево се случува во Кривичниот суд откако на судењето за „Меѓународниот сојуз“ се спомена името на премиерот Зоран Заев. Според Бојан Јовановски кој во моментов вкрстено го испрашува сведокот Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз и според изјавата на сведокот Зоран Заев и Владата дале поддршка за проектите на Меѓународниот сојуз проекти за кои обвинителството смета дека биле употребени за рекетирање на бизнисмени и перење на пари.

-Ќе се согласите ли дека ви бевте заедно со Кирил Ефремовски, и заедно со Марија на прием кај премиерот Зоран Заев, запраша Јовановски.

-Тоа не. Бевме. Значи вака бевме заедно со вас во општина Струмица, тогаш беше В.Д. градоначалник Костадин Костадинов на презентација на „Меѓународниот сојуз“, што ќе работи и фактички еден вид помош, изјави сведокот Дика.

-Ќе се согласите ли дека има фотограифии и заедничко сооптштение со Влада на кои сме потпишани сите ние, токму за овој прием кај премиерот? Јас вие и Кирил Евромовски. Добро сетете се на оние фотографии пред Влада, праша Боки 13.

-Ма каков Кирил Евремови, тој не беше кај Заев јас колку што се сеќавам. Јас бев, вели сведокот.

Кажавте дека не сте биле, потпраша 13-ка.

Бевме „Меѓународен сојуз“, додаде Дика

-Ќе се согласите дека јас и вие бевме на тој прием кај Заев?

-Беше и Христина и кај Оливер Спасовски бевме, вели сведокот.

-Ќе се согласите дека на тој прием говоревме за акцискиот план на Меѓународниот сојуз и дека добивме поддршка дека се хумани и убави работи и дека треба да ги направиме, запраша обвинетитот.

-Така е, вели сведокот.

Значи ќе потврдите дека добивме поддршка од премиерот Зоран Заев, праша Јовановски.

-Јас мислам дека добивме, заклучи сведокот.

Сведокот говореше и за приемот кај Министерот Оливер Спасовски и министерката за труд и социјала, Мила Царовска

Сведокот се согласи дека на приемот нво МВР говореле за продлабочување на соработката помеѓу МВР и Меѓународниот сојуз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This