„Ce мoлимe нa cитe бoгoви дa нe пoчинaт пaциeнтитe“: Mакедонска лeкapкa дpaмaтичнo yкaжyвa кoлкy виpycoт e oпaceн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарка од една јавна здравствена установа во земјава, синоќа доцна вечерта излезе со потресен пост за тоа колку им е тешко на здравствените работници во нашите болници и ковид центри, како се борат за животите на пациентите, како молат бога за да не им починат пациентите, но некогаш не успеваат заради тежината на вирусот и компликациите што тој ги предизвикува. Вирусот, вели, е вон контрола и не бира возраст.Затоа таа драматично апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита, и да се вакцинираат.

„Обично не пишувам статуси, но чувствувам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.

Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!

Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе…едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст.

Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме ризична категорија. Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки.

И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа. Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно. …а молиме предолго веќе.“, стои во драматичниот апел на оваа наша лекарка. 

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This