Ce пojaви дpжaвa кoja пoвикyвa нa пpeгoвopи мeѓy Израел и Палестина, нo дa ce вклyчaт и чeтиpи дpyги зeмjи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва им предложи на Израел и Палестина да преговараат во Русија. 

Претседателот на комитетот за меѓународни работи на Руската државна дума, Леонид Слуцки, изјави дека официјална Москва е подготвена да им понуди на Израел и Палестина да водат преговори. Русија предлага да се формира малку поинаков „квартет“ во преговорите, во кој би биле вклучени и земјите од Блискиот Исток. Тие сметаат дека покрај Израел и Палестина, треба да се вклучат и оние арапски земји што имаат дипломатски односи со Израел – Египет, Јордан, ОАЕ и Саудиска Арабија.

Израелските авиони и денес продолжија со воздушните напади во Појасот Газа, а припадниците на Хамас возвратија. Палестинците денес пријавија 11 загинати на окупираниот Западен брег во судири меѓу демонстрантите и израелските безбедносни сили. 

Од понеделникот во Појасот Газа се убиени 139 луѓе, од кои 39 малолетни лица и 22 жени. Во судирите 950 луѓе се повредени, соопштија палестинските здравствени власти.

Секој неселективен напад врз цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право, вели генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш. 

Тој рече дека е „шокиран“ од цивилните жртви во Појасот Газа и „длабоко шокиран“ од израелскиот напад врз зградата во која се сместени канцелариите на меѓународните медиуми, изјави неговиот портпарол Стефан Дујарик.

Светот се подели. Муслиманските земји даваат поддршка на Палестинците, а европските земји на Израел. 

Извор: faktor.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This