Ce jaви и Xeлсиншки: 3a вpeме нa попиcoт нe мoжe зa друго лице да се кажува верската и етничката припадност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повреда на со Устав загарантираното индивидуално право на граѓаните за слободно изразување на етничката и верска припадност е ако некој друг во ваше име ја кажува вашата верска или етничка припадност. За време на пописот кога некое лице дава податоци за друго лице, не може да даде одговор на оние прашања за кои се бара исклучиво лично изјаснување, како што се прашањата за етничката или верска припадност, се вели во одговорот за МКД.мк на Хелсишкиот комитет за човекови права.

Овие лица, на привремена работа или престој во странство, согласно членот 8 од Законот за попис на населението и домаќинствата, од 1-ви март до 21 април ќе имаат можност да се самопопишат преку посебна апликација достапна на веб-страната на Државниот завод за статистика, односно ќе можат самите да ја наведат својата верска и етничка припадност, наведуваат во одговорот од Хелсиншкиот комитет.

„Воедно, Законот за попис на населението и домаќинствата, содржи одредби за заштита на личните податоци во воведните членови на законот, како и механизми против злоупотреба содржани во посебни поглавја од законот со наслоv ‘користење, чување и заштита на податоците од пописот’ и ‘казнени и прекршочни одредби’. Оттаму, колку што е можна злоупотреба на лични податоци од страна на блиски роднини пред кои било државни органи во други постапки, така е можна злоупотреба на личните податоци и во оваа постапка за спроведување на пописот. Сепак, одредби за заштитата на личните податоци и механизми против нивната злоупотреба се предвидени и во посебниот Закон за заштита на личните податоци чие спроведување и надзор го врши Агенцијата за заштита на личните податоци“, се вели во одговорот на Хелсиншкиот комитет од каде потсетуваат дека денес, благодарение на технолошкиот развој и фактот што граѓаните постојано се во контакт со институциите за остварување на своите права – низа државни институции располагаат со личните податоци на граѓаните. „Затоа давањето личен податок како ЕМБГ и имотна состојба за едно лице од страна на негов близок роднина, само по себе нема да доведе до злоупотреба, затоа што според членот 5 на Законот за попис на населението, при спроведувањето на попишувањето на терен, истовремено ќе се користат збирките на податоци на МВР, МИОА, МОН, МТСП, АВРСМ, ПИОМ, УЈП…“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This