Ckaндалите и aфeрите на Димитров: Зошто е потребно вицепремиерот за евроинтеграции да си поднесе оcтaвка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичка одговорност како доблест на еден политичар не е својствена за вицепремиерот Никола Димитров. Тој одговорноста и образот не ги вади од уста, секогаш кога ќе потфрли или кога ќе биде поврзан со некаков скандал, тогаш тие исчезнуваат од неговиот речник. И покрај бројните скандали, неисполнети ветувања и неуспеси, Димитров бега од поднесување одговорност, како функцијата да е приватна сопственост.

Не станува збор само затоа што повеќе од две години ги лаже граѓаните дека датумот ќе биде во март, јули, октомври, декември, следната година и дека ќе нема образ да се појави пред граѓаните, па пак се појавува. Туку неговата кариера како дипломат и министер е пропратена со бројни скандали и афери за кои и тој и институциите молчат.

Како за почеток Викиликс објави тајни документи на кои стои дека Димитров во 2008 година додека беше преговарач за името истовремено бил и заштитен извор на американските служби кои ги информирал за ставовите на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски. Институциите го премолчеа овој скандал и никогаш не се дозна во чие име и какви информации давал Димитров, но работите стануваат појасни, ако се знае дека 10 години подоцна потпиша промена на името, што во 2008 беше незамисливо.

Димитров е креатор и потписник на Преспанскиот договор, со кој Македонија не само што го загуби уставното име, туку се откажа од Македонците во Егејска Македонија, македонското државјанство исчезна од документите, а Македонија го загуби институционалниот идентитет. Додека најстрашно од се според членот 7, Грција доби право да го дефинира и идентитетот на македонскиот народ.

Потоа учествуваше во креирањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, според кој денеска Македонија не може да добие датум за членство во ЕУ без да се откаже од сопствениот идентитет. Според Бугарија блокадата се случува затоа што Македонија не ги исполнила обврските од договорот.

Тие обврски се заедничка историја или како што тие велат бугарска историја, откажување од историјата и јазикот пред 1944, но и од придавката македонски. За сето тоа Бугарија тврди дека е договорено со премиерот Заев и вицепремиерот Димитров додека беше министер.

И покрај откажувањето од се македонско што можеше да се откаже, Димитров не успеа да ја внесе Македонија во ЕУ. Ветуваше датум во јуни 2018 кога ја пуштија веста дека датумот е добиен. Но лагата траеше неполн час. Потоа беше ветуван датум во мај 2019, па оној фамозен октомври за кој Димитров викаше дека ако тогаш нема датум ќе нема образ да се појави пред јавноста, а владата ќе загуби кредибилитет.

Датум немаше, кредибилитет и образ немаше, но немаше ниту одговорност. Потоа се ветуваше датум во јуни, август и декември годинава. По повеќе неуспеси, повторно истата песна за кредибилитетот и ветувањето за следниот самит на ЕУ. И така до недоглед.

Иако излажа дека сите прашања се затворени, дека сите проблеми се решени, сепак гледаме преговори за јазикот, историјата, идентитетот. Кога сме кај лагите, се криеше и документот со кој Бугарија ја условува Македонија во ЕУ, а за кој македонската јавност дозна од Австрија.

Покрај тоа имаше и навреди од страна за Димитров за македонскиот народ дека сме нација со комплекс.

-Македонскиот народ е искомплексиран народ, народ со комплекси, несигурен во себе, и тоа од највисокиот дом на демократијата во Република Македонија, рече Димитров од собраниската говорница во декември 2018.

Имаше и дипломатски скандали со кои ги навреди соседите како тоа што му се допаѓаше коментарот дека Србија треба да гори во пеколот, а и скандалот со Македонски пошти кои објавија поштенска марка со Хрватска која ги има анектирано Босна и делови од Србија и Црна Гора. Како прв човек на дипломатијата прво што требаше да го стори е извинување до сите овие земји.

Сепак изостанува одговорноста за дипломатскиот неуспех како што изостанува одговорноста за сомнежите за криминал и скандали поврзани со вицепремиерот Димитров.

За прв пат во историјата на Македонија, токму во времето кога Димитров го водеше МНР се поставија амбасадори чии биографии не беа објавени, а нивните одбрани беа сокриени од јавноста. Воедно спротивно на закон се местеа амбасадори со двојно државјанство, а секако ги имаше и таквите кои станаа амбасадори по партиски клуч, а не професионален.

Понатаму, случајот „Рекет“ кој ја потресе јавноста и беше еден од најголемите скандали во историјата на Македонија не помина без Димитров. Според сведочењето на бизнисменот Зоран Митровски, кој беше почесен конзул во Латвија, Димитров знаел за шемата и рекетот, но не пријавил. Иако според Кривичниот законик, тој што прикрива дело треба да одговара, во ова партизирано судство и обвинителство, Димитров остана надвор од истрага и одговорност.

Сомнителните исплати, искористувањето на државните функции за пари е синоним за владата предводена од СДСМ, а секако дека тука е уделот на Димитров.

Македонската јавност од медиумите дозна дека ќерката на вицепремиерот зема 40.000 евра државна стипендија за студирање во Холандија, со што е  извршена злоупотреба на службената положба и буџетските средства во интерес на членовите од потесното семејство. Тука се и скандалозните трошења во МНР како на пример  милион ипол денари за патувања во вонредна состојба, 2 милиони денари за весници над 300.000 денари за цвеќиња.

Но тоа не е се, неговите советници ја искористија ситуацијата и земаа астрономски суми од буџетот. Советникот на Димитров, Габер земал хонорар 1200 евра, службен телефон, дневници за службени патувања и други трошоци на државна сметка, Људмил Спасов 1.000 евра, колку што земале и Ана Чупеска, Никос Чаусидис и Фехари Рамадани како советници.

За ништо од ова Димитров не виде причина да понесе одговорност, ниту да се извини пред граѓаните. Повеќе од три години Димитров е поврзан со скандали и неуспеси, но и покрај се за него политичката одговорност е само апстрактна именка, како и за целата влада на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This