April 27, 2024, 10:17 pm

Ckaндалозен учебник за високо образование: Жените кои имаат кратка кocа и носат панталони имаат тешkoтии во прифаќањето на сопствениот пол!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Жените кои имаат кратка фризура и постојано носат панталони имале потешкотии во прифаќањето на својот пол”. Овој скандалозен заклучок е дел од содржината на учебник за високо образование, а за што алармира Коалицијата Маргини, пренесува Фокус.

Коалиција Маргини и Мрежа за заштита од дискриминација информираат дека ја поднеле првата тужба против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Тужбата е за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, кој се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Според Маргини, вознемирувачките содржини вклучуваат: обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременоста и квалификувањето на истополовите партнерства како забеганост.

Оттаму бараат оваа содржина да биде отстранета и заменета со современа и научно-заснована содржина.

-По неколку обиди да го привлечеме вниманието на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараме повлекување на спорните содржини, наидовме на отпор и игнорирање на нашите барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет, велат од Маргини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This