Ckaндал во Манчестер Сити: Фудбалер oбвинeт за cилyвaњe и cekcyaлни нaпaди пpoтив три лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити веднаш го суспендираше својот фудбалер, Бенџамин Менди кој денеска беше обвинет по четири основи за силување и сексуални напади против три лица.

27 годишниот фудбалер кој игра на левата бековска позиција бил однесен во притвор и утре треба да се појави на судот во Честер.

Обвиненијата против играчот на Манчестер Сити се однесуваат за сексуални напади врз три лица над 16 години кои се случиле помеѓу октомври минатата година и овој месец.

Портпаролот на британската полиција го потврди целиот случај кој ја разбранува јавноста во Англија.

– Обвинителството го овласти судот да покрене обвинение против маж во врска со обвинувања за сексуален напад. Бенџамин Менди, на возраст од 27 години е обвинет за четири точки од обвинението за силување и едно за сексуален напад. Обвиненијата се однесуваат на тројца жалители на возраст од над 16 години, а тврдењата се дека тие се случиле меѓу октомври 2020 и август 2021 година, -изјави портпаролот на полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This