,,CKAПАВМЕ” ПРЕД ПОРТИТЕ НА РАЈОТ: Македонија ќе остане надвор од Европската Унија до 2030 и некоја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се подалеку од влез во Европската Унија. Нова потврда дека Европскиот парламент нема намера да даде зелено светло за проширување е вчера објавената нацрт стратегија за 2030 година, во која нема ниту „П“ од очекуваното проширување. Напротив, европарламентарците се насочени кон други приоритети, како што се климатските промени, демографијата и урбанизацијата. Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави дека овој документ бил подготвуван лично од претставници на Европскиот Парламент, Комисијата и Службата за надворешни работи.

„Затоа, почитувани колеги политичари, не барајте anti-EU & anti-Enlargement причини внатре во Македонија, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија или Косово, туку барајте ги внатре во Брисел и уште 3-4 влијателни земји членки!“, пиша Милошоски

И поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере не е оптимист, но вели дека се надева оти сепак ќе добиеме датум во јуни.

„Разочарувачки е што Европската Комисија не ги почитуваше роковите за извештаите за напредокот, што требаше да се објават неделава. Мислам дека ова е стратешка грешка. Ако не ги донесе одлуките што очекуваме да ги донесе навистина ќе се потkoпа кредибилитетот на заложбите на ЕУ кон проширувањето“, вели Фуере за МИА.

Еврокомесарот Јоханес Хан уште пред една недела порача дека Европската комисија најверојатно ќе препорача подготвителна фаза на преговорите, а не преговори како што било случај со сите други земји кандидати досега.

По сето ова премиерот конечно призна дека Македонија лани не добила датум туку датум за датум за преговори и оти се надева дека во јуни сепак ќе ни биле подотворени вратите од ЕУ.

„Ние лани добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум ако ги исполниме четирите точки, судство, јавно обвинителство, безбедносни структури, корупција. Досега се сме исполниле, заедно гласавме со опозицијата за овие реформи“, рече премиерот Зоран Заев на гостувањето на една локална телевизија.

Заев меѓутоа минатата година во јуни говореше нешто друго, беше категоричен дека Македонија добила датум за преговори.

„Треба да се израдуваме, Македонија доби датум за почеток на преговори во јуни 2019 година…. Мислам дека е дегyтaнтно да се негиpa таквиот факт“, изјави премиерот во јули.

Речиси една година подоцна Владата ја подготвува јавноста дека земјава најверојатно ќе извиси за датум. Прв тоа го начна вицепремиерот за евроинтеграции, а потоа и други високи функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This