Cocтојбата е вон контpoла: 400 илјади нови случаи на Koвид 19 за еден ден во Индија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индија стана првата земја во светот што пријави повеќе од 400.000 нови случаи на коронавирус за еден ден.

Во последните 24 часа официјално се регистрирани 3.523 смртни случаи, но се верува дека бројката е далеку поголема бидејќи многу смртни случаи не се пријавени, објави Би-Би-Си.

Од денеска, сите возрасни лица во Индија имаат право на вакцинација. Неколку држави, сепак, соопштија дека немаат доволно вакцини. Индија претходно се фокусираше на вакцинирање на медицинските работници и оние над 45 години.

Земјата се соочува со акутен недостиг на медицински кислород и болнички кревети, бидејќи разорниот втор бран на вирусот влијае на нејзиниот здравствен систем.

Досега се дадени околу 150 милиони вакцини, што е 11,5 проценти од 1,3 милијарди жители во Индија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This