Cocтojбaтa нa Koвид-19 вo cвeтoт: Нaд 5.300.000 зa6oлeни шиpyм cвeтoт, живoтoт гo зaгyбиja пoвeќe oд 1.290.000 луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веб-страницата „Ворлдметар“ соопшти дека до синоќа во светот се изборени 5.3002.666 лица заразени со коронавирусот, а дека веќе умреле повеќе од 1,29 милиона.

Од почетокот на пандемијата, од крајот на декемеври минатата година кога се појави на пазар во кинескиот град Вухан, присуството на коронавирусот е регистрирано во повеќе од 210 земји и територии во светот.

Најголема инциденца и смртност од коронавирусот има во САД, со речиси 11 милиони заразени и 248 000 смртни случаи.

Следат Индија со 8,7 милиони, Бразил со 5,7 и Франција и Русија, кои се приближуваат кон билансот на два милиони заразени. Шпанија, Велика Британија, Аргентина, Колумбија и Италија имаат повеќе од милион пациенти.

Според „Ворлдметер“, само вчера беа пријавени повеќе од 570.000 нови случаи на коронавирус ширум светот, а бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за речиси 9.000 и надмина 1,29 милиона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This