Cocтojбaтa ce влoшyвa..: Bo Koвид-цeнтapoт вo Дебар нeмa cлoбoдeн кpeвeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Ковид-центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, пополнет е капацитетот од 20 болнички легла.

– Денеска целосно е пополнет капацитетот, што значи имаме 20 лица на болничко лекување, од нив 11 се на постојана кислородна поддршка. Амбулантски се лекуваат 12 лица. Тие по добиената терапија малку одмaраат и заминуваат дома, а за преглед дневно има по петнаесетина лица, изјави за МИА Баки Алили, директор на болницата.

На лекување во здравствена установа во Скопје има две лица, едно од Дебар и едно од општина Центар Жупа.

Споредено со минатиот, овој месец се бележи зголемување на бројот на новозаразени за што, според надлежните, главна причина е непочитувањето на мерката за носење заштитна маска и групирањата по кафулиња, како и меѓусебни посети по домовите.

Во изминатите четири дена на ова подрачје опасниот вирус е потврден кај девет лица, а се очекуваат резултати од триесетина тестови. Врз основа на податоците кои вчера ги соопшти Министерството за здравство, ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во ова подрачје се 868, починале 37, а активни на болеста се 64 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This