Copaбoткa нa Цapинaтa и Пoштaтa зa paзвoj и дигитaлизaциja нa e-тpгoвиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Развојот и дигитализацијата на е-трговијата беа во фокусот на денешната средба на директорите на Царинската управа Горан Сугарески и на А.Д. Пошта, Јани Макрадули.

Тие разговарале за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето на поштенски писмоносни пратки, се врши праќање и на пакети кои претставуваат царинска стока.

-Прекуграничната е-трговија целосно ја смени перцепцијата на Царината на меѓународно ниво и стана главен аспект на променливиот свет на производство, трговија и економија кој овозможува подобри економски можности и зајакната регионална соработка, соопштуваат од Царината.

Во текот на минатата година се спроведе Проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај помеѓу Царинската управа на РСМ и Царината на Кореа. Оваа година, ГИЗ започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае четири години е подобрување на законодавството за е-трговија, на даночното законодавство и è хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.

-Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е поврзување на СОЦДАД на Царинската управа со ИТ системот на А.Д. Пошта, односно целосно дигитализирање на постапките, појаснуваат од Царинската управа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This