Cpaмнo e зa Филипче и Заев штo нoвинapитe и пoлицajцитe ce caмoopгaнизиpaaт зa дa ce вakциниpaaт вo Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани со месеци чекаат Зоран Заев како премиер и Венко Филипче како министер, да станат одговорни и да донесат вакцини против коронавирус во Македонија. Но, вакцини добивме само за дел од здравствениот кадар, како донација од Србија, па народот оправдано живее во страв за своето здравје поради негрижата на надлежните.

Освен здравствениот кадар, во Македонија има и други професии кои секојдневно се во голем ризик од заразување со коронавирус додека си ја исполнуваат својата работна должност. Но, додека чекаат власта да стане способна да донесе вакцини, одлучија да ги превземат работите во свои раце.

Во организација на Македонската асоцијација на новинари МАН и српското Удружење новинара Србије УНС, вчера 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Врање, Србија. До ова дојде откако раководството на МАН покажа силна заложба да го заштити здравјето на своето членство. Така, новинари се покажаа поспособни од цела власт да овозможат вакцинација.

Стотина македонски новинари со обезбеден автобуски превоз од МАН или со личен превоз по избор беа во Врање на вакцинација со АстраЗенека, а обезбедена е и втора вакцина за нивна ревакцинација.

По стапките на новинарите, тргна и полицијата. Бидејќи Заев и Филипче не покажаа грижа ниту за службениците кои секој ден се во ризик, во битка за своето здравје, тие мораа да бараат помош од соседна Србија.

Независниот Синдикат на Полицијата објави дека во завршна фаза се преговорите со збратимени синдикати од Србија за обезбедување на вакцини за полицајците.

-Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП. Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, известуваат од Независниот Синдикат на Полицајата.

Ова е срам за цела Влада. Срам за Заев и Филипче. Новинарите и полицајците сами водат битка да си го заштитат своето здравје и во таа идеја покажаа поголема способност од цела држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This