CTPAШНО: Две жени избегaa од кapантин за кopонавирус во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете пациентки објаснуваат дека нивните болнички маки почнале по враќањето од провинцијата Хаинан, тропска област која е популарна меѓу руските туристи.

© SPUTNIK/ АНТОН ДЕНИСОВ

Две Русинки кои се наоѓале во болнички карантин во Русија поради сомнеж за инфекција со коронавирусот додека престојувале во Кина, изјавија дека избегале од болница поради некооперативниот однос на лекарите, лошите хигиенски и други услови во здравствената установа и поради страв дека тука ќе се заразат со новиот вирус.

Едната жена скокнала низ прозор за да избега од болничкиот карантин, а другата избегала откако го онеспособила електронскиот механизам на вратата од својата болничка соба.

Двете пациентки објаснуваат дека нивните болнички маки почнале по враќањето од провинцијата Хаинан, тропска област која е популарна меѓу руските туристи.

Голем број пациенти кои се наоѓаат во карантин во различни руски болници постојано се жалат на многу лошите услови во собите за изолација и недостаток на соработка со лекарите, кои не се запознати со правилата за карантин.

Протоколите за карантин низ Русија се различни. Некаде се изолираат кинески државјани кои неодамна се вратиле од Кина, а на други места сите кои ќе пријават симптоми слични на коронавирусот се ставаат во 14-дневен карантин.

Во Русија беа пријавени два случаја на заразени со коронавирус, но денеска е потврдено дека тие лица, кинески државјани, оздравеле и се пуштени од болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This