Cyдење за 27 април: Ибраими свeдочеше зошто ја испеал албанската химна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник Зекирија Ибраими денеска во Kpивичниот cуд во Скопје сведочeше за настаните од 27 април 2017 година. Тој опиша како течел целиот ден и оти како заменик-координатор имал средба со тогашниот претедавач Трајко Вељаноски, на која била присутна и Радмила Шекеринска. Тогаш било договорено седницата да продолжи следниот ден, во петок 28 април.

Тој беше дециден дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање и оти тој ден неколку пати се обраќал од говорницата.

Ибраими објасни зошто се одлучил да ја испее албанската химна.

Според него, претседателот на Беса, Билал Касами неколку дена претходно имал интервју на една телевизија каде говорел дека Албанците не се чувстуваат добро кога ја слушаат државната химна.

Но, бидејќи Зекирија му ги пишувал говорите, Касами всушност требало да каже дека Албанците не се чуствуваат претставени во химната.

На седницата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им забележуваа на пратениците на СДСМ дека соработуваат со партија која не се чуствува добро со државната химна. Кога Крсто Мукоски ја испеа македонската химна јас излегов и ја испеав албанската. Но, тоа беше моја лична одлука, рече Ибраими.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This