Cyдиp на кинеската гpaницa, тројца индиски вojници се yбиeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца индиски војници се убиени во вооружен судир на кинеската граница, соопшти во вторникот индиската армија, по неколкунеделните тензии долж границата помеѓу двете држави.

За време на деескалацијата што се води во долината Галван, хималајскиот регион, вчеравечер се случи насилство кое резултираше со жртви, се вели во официјалното соопштение во кое се додава дека животот го загубиле еден офицер и двајца војници од индиската армија.

Високи воени претставници на двете во моментов се состануваат на местото на настанот за да ја смират ситуацијата, пренесува Дојче Веле.

Илјадници дополнителни војници од обете страни беа распоредени во граничната зона во последните неколку недели.

Кина ја обвини Индија за преминување на спорната граница меѓу двете земји.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хао Лијајан изјави дека индиската војска на два пати ја преминале границата во понеделникот, додавајќи дека Индија е виновна за „провоцирање и напад врз кинески персонал, што резултираше во сериозна физичка пресметка помеѓу граничните сили од двете страни“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This