Cycпeндиpaни cитe лeтoви oд aepoдpoмoт вo Kaбyл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авганистанската управа за цивилна авијација најави прекин на летовите од аеродромот во Кабул до следното известување.

– Сите летови на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи се суспендирани, се вели во соопштението на Агенцијата, објавено на Фејсбук.

Службата, исто така, ги повика граѓаните да не го посетуваат аеродромот „за да избегнат гужви и последователни можни инциденти“.

Агенцијата работи на продолжување на летовите меѓу авганистанските провинции и во странство.

Аеродромот во Кабул е во хаос од почетокот на минатата недела, каде имаше и голем број полетувања и слетувања на хеликоптери, кои евакуираа странски персонал, вклучувајќи дипломати и Авганистанци во странски мисии.

Многу Авганистанци упаднаа не само во аеродромската зграда, туку и во авионите во обид да ја напуштат земјата. На медиумите и социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од луѓе кои се качуваат на авион кој е подготвен за полетување, а на некои видеа се гледа како авионот полетува со луѓе на шасијата. Според „Толо њуз“, најмалку 40 лица загинале на аеродромот како последица на истрели од огнено оружје, изгазени во стампедо и при паѓање од авион за време на евакуацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This