EГЗOДУC ОД МАКЕДОНИЈА:82 села во Македонија со помалку од 10 гласачи, училиштата се користат како штали за стока

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На претстојните претседателски избори регистрираните гласачи во 82 гласачки места нема да можат да го остварат своето гласачко право во местото каде живеат. Гласачките места кои бројат помалку од 10 гласачи, веќе нема да постојат. Едно од нив е селото Дивље, општина Петровец, кое се наоѓа 37км од центарот на Скопје. Кога пристигнавме во селото изгледаше целосно напуштено. На врата катанци, а низ уличките само чудна тишина. Сретнавме неколку повозрасни лица, кои излегле да наполнат вода. 77-годишниот Ане, се присети на времето кога во селото живееле многу луѓе. Се сеќава и на селското училиште, кое сега се користи како штала за стока, пренесува ТВ 21.

Надежда Илиевска живее сама. Таа вели дека до пред четири години селото било полно со луѓе, а сега бројката е драстично намалена.

Oд Државната изборна комисија, велат дека во селото има 8 гласачи, но жителите тврдат дека се само двајца. Но, и тие не можат да гласаат бидејќи документите за идентификација им изгореле во пожар што ја зафатил нивната куќа. Од Дивље се упативме кон Бродец, гостиварско, каде како што велат од ДИК има 8 гласачи. Пристигнавме во селото Врбен.

Од Скопје допатувавме во Бродец, Гостивар, за да ги посетиме 8-те гласачи во ова село. Но, поради тоа што патот не е асфалтиран, беше невозможно да се искачиме до селото.

Од селото Врбен до Бродец има 20км, пат кој не може да се помине без теренско возило.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, вели дека овие гласачи ќе можат да гласаат на други места, односно во најблиското село кое брои над 10 гласачи.

-Вкупно 82 гласачки место не ги исполнуваат условите согласно Членот 165 Став 3 од Изборниот законик. Ова значи дека населените места кои имаат помалку од 10 гласачи…имајќи предвид дека секој граѓанин има право на глас, нормално исполнувајќи ги условите согласно Изборниот законик, овие гласачи кои се регистрирани ќе бидат префрлени во друго најблиско гласачко место-посочи Адмир Шабани портпарол на ДИК.

Инаку,на гласачкото место број 2380 во селото Ќолија, Петровец и 2235 во селото Чашка, нема ниту еден регистриран гласач.

На редовна седница одржана минатата недела, Државната изборна комисија донесе одлука да не организира гласање во избирачки места со помалку од 10 избирачи.

Во државата има 82 избирачки места распоредени во 28 општински изборни комисии каде со оваа одлука запишаните избирачи нема да можат да го остварат своето право на гласање во местото на живеење. Сепак, од ДИК велат дека овие избирачи своето демократско право ќе може да го остварат во најблиското избирачко место кое не е оддалечено повеќе од 3 километри од нивното место на живеење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This