Eкс гpaдоначалникот на Прилеп со отчет за сработеното: ФPAНКФУРТ НА МAJНА – ПРИЛЕП НА …… ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ФРАНКФУРТ НА МАЈНА – ПРИЛЕП НА …… ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ!!!!

▶️Прилеп, еден од поголемите градови во Македонија кој немаше целосна покриеност со канализација, а таму каде што имаше беше застарена и несоодветна.

Главен реципиент на отпадните води за жал беше градската река, која многумина ја преименуваа со многу погрдни зборови…

ЕДНОСТАВНО БЕШЕ СРАМ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ!!

⏩ Наследената катастрофална ситуација беше :
▪️загадена река од највисок 6-ти степен, со изумрен живот во неа;
▪️загадена околина, загадено поле со непријатна миризба;
▪️дотраена и стара канализација со секојдневни дефекти;
▪️измешана фекална и атмосферска канализација низ градот;
▪️големи делови од градот без канализација со полски WC-ња по дворовите:
Варош, Тризла, Сточен Пазар, Жабино Маало, Ножот…;
▪️села без канализации…;

✔Но, благодарение на претходно успешно завршениот проект (грант) за реконструкција на водоводната мрежа од КФВ банката, Општина Прилеп доби награда-нова донација (грант) од ЕУ и Владата на ВМРО ДПМНЕ во вредност од 27 милиони евра (неповратни без задолжување), за изградба на пречистителна станица и канализациони системи…

❗Конечно Прилеп реши вековен проблем и од најзагадена Општина стана еколошки регион !!!

❗Со овај проект се реализираа :
▪️над 100 км нова современа канализација;
(100% покриеност на градот со канализација);
▪️се изгради современа пречистителна станица со капацитет за 100 000 жители;
▪️Прилеп стана прв град во регионот со комплетен третман на отпадните води;
▪️се доби чиста река и враќање на биодиверзитетот(животот) во неа;
▪️исчезна непријатната миризба во околината;
▪️добивме чиста вода за полевање на Прилепско поле и еколошки земјоделски производи;
▪️се отворија нови вработувања во Пречистителната станица;

✅Со ова Прилеп доби признание – Лидер во искористување на ЕУ фондови во регионот;
✅ Прилеп стана – ЕКО Град;

❗….Но не само во градот, претходната локална самоуправа инвестира во канализациони системи и во поголемите населени места, исто така со европски пари и донации-без задолжување :

▪️Беровци;▪️Канатларци;
▪️Г.Коњари;▪️М.Коњари;

👉Тој тренд на изградба на канализации во другите нас.места требаше интензивно да продолжи и денес (беше ветено од сегашнава Власт) но, за жал… како и за многу други ветени проекти, жителите на Општина Прилеп изгледа ќе почекаат подобри времиња!

Пишува на Фејсбук екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This