Eкcпертите велат, тонеме во жива кал: Heма време за мерки за ублажување на енергетската криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна е да се преземат какви било мерки за се извлeче земјава од енергетската криза – оценува професорот Константин Димитров. Тој ја споредува ситуацијата со жива кал, бидејќи е неизвесно колку може да расте штетата која на крајот ќе ја платат граѓаните. Експертите кои пред повеќе од половина година предупредуваа дека глобалниот енергетски сектор ќе падне во дополнителна финансиска криза, властите тогаш не ги сфатија сериозно. Со оглед на тоа што во буџетот нема доволно пари за покривање на целата штета од кризата, владата ќе биде приморана да се задолжува и со пари од кредити да покрива дупка длабока неколку стотина милиони евра, пренесува Алсат.

„Нема спас, не можеме да се извлечеме одеднаш, како во жива кал сме. Уште пред неколку месеци реков дека ќе имаме финансиска криза во Македонија, бидејќи енергија има на пазарот но е многу скапа. Ете тоа е проблемот што ни се случува. А кој ќе го плати, ќе го платиме ние народот. На владата и е широко околу вратот – така се вели народски, таа си се задолжува“, вели Константин Димитров универзитетски професор.

Досега штетата која е направена во Македонија во делот на енергетиката надминува 250 милиони евра. Ова вчера за Алсат го потврди директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани. Еден мегават час електрична енергија на берзите достигнува цена и над 400 евра.

А, државните електрани на Универзалниот снабдувач истата ја продаваат за 36 евра за домаќинствата. Таа цена ќе биде само до Нова година -од први јануари информациите се дека цената на струјата нема да биде повисока од 10 отсто, што го отвора прашањето, како во такви околности ќе биде задржана ликвидноста на енегетските компании во земјава, а со нив и целокупниот енергетски систем.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This