Eypoњуз: Гepманија нe очeкyвa дека Maкедонија ќe пoчнe пpeговори co EУ гoдинaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот и неговите словенечки и португалски колеги, Гаспер Довџан и Ана Закариас, минатата недела одржале онлајн состанок на кој разговарале за некои од најважните прашања за време на германското претседателство со ЕУ.

Вестите за заклучоците од состанокот досега не се објавени во Македонија ниту за нив брифирале македонските власти што не е чудно ако се земе предвид лошата порака од состанокот.

Според Euronews Albania од заедничкото коменике се гледа дека Германија не е оптимист дека преговорите ќе започнат годинава.

Португалија го презема претседателството со ЕУ од 1 јануари 2021 година додека Словенија во втората половина на следната година.

Тројцата министри по состанокот потпишале заедничка изјава, која ја вклучува и темата за првата Меѓувладина конференција за Албанија и Македонија.

Во соопштението се повикуваат страните да се фокусираат на преговорите (Со Бугарија) и компромис со цел да добијат зелено светло од ЕУ.

“Германија се чини скептична за првиот
Меѓувладина конференција за време на нејзиното претседателство, бидејќи Албанија не ги исполни условите а Македонија сè уште не ги решила споровите со Бугарија”, пишува Euronews Albania пренесувајќи го го делот од заедничкото соопштение посветено на преговорите.

„Тројцата партнери во ЕУ работат на првата Меѓувладина конференција со Албанија и Македонија. Секоја земја која е претседавач на Советот мора да се вклучи во тековните и често сложени преговори со цел да постигне напредок, особено за прашања што бараат компромис“, се вели во соопштението.

Извештајот на Euronews погледнете го на следниов линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This