Hароден правобранител: Да се почитуваат протоколите за да се заштити здравјето на децата во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на новата школска година Народниот правобранител потсетува дека сите треба максимално да се придржуваат до утврдените Протоколи за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците, со оглед на се уште присутната пандемија од корона вирусот, а со цел зачувување на здравјето и спречување на ширењето на Ковид-19 во рамки на училиштата. Во таа насока, нагласува, потребно е секој од свој аспект да придонесе за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата.
-Народниот правобранител го поздравува донесувањето на Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализиација на воспитно-образованиот процес со физичко присуство на учениците, како и Планот за одржување на наставата во овие училишта, особено што надлежното Министерство цврсто стои на ставот дека е подготвено за имплементирање на било кое од другите два модели за настава, покрај физичкото присуство на учениците во училиштата (учење од далечина и комбинирање на физичко присуство и учење од далечина), доколку за тоа има потреба. Во овој контекст апелира надлежните органи редовно да ја мониторираат епидемиолошката состојба и во случај на влошување на истата, Министерството за образование да овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата, се вели во соопштението.
Народниот правобранител, исто така, препорачува ресорното министерство и надлежните органи да ги преземат сите мерки и дејствија за минимизирање, и по можност целосно отстранување на пречките за непречено учество и следење на наставата на сите ученици, на подеднаква основа, при што сериозно треба да се преземат мерки за унапредување на наставата од далечина, со особен фокус кон процесот на проверка на знаењата на учениците и оценувањето во случај да наставниот процес се остварува со учење од далечина.
Според Народниот правобранител, во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете, и истото треба да биде сеопфатно и квалитетно. Токму поради тоа, Народниот правобранител потсетува дека е потребно да се обезбедат услови за најмаргинализираните и најисклучените деца, децата од социјално ранливи семејства, кои доколку следат настава со физичко пристсво на училиште треба да имаат постојан пристап до заштитна опрема (маски), а доколку следат онлајн настава да имаат пристап до технологија и интернет, што за овие семејства реално претставува голем проблем
-Имајќи предвид дека од оваа учебна година инклузираните ученици со попреченост во општинските основни училишта ќе добијат образовни асистенти кои ќе им бидат доделени од страна на училиштата во кои учат, а во соработка со основните училишта со ресурсен центар, како и можноста образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка на учениците со попреченост, истата да ја даваат во рамки на училиштето, или во домовите на учениците, доколку наставата ја следат од далачина, Народниот правобранител укажува да се забрза процесот на доделување на асистенти, со цел уште од почетокот на учебната година секое дете кое согласно препораката на Стручните тела за функционална проценка има потреба од асистенција, да ја има обезбедено навремено и да ја користи во континуитет, се додава во соопштението.
Според Народниот правобранител, секое дете има право на квалитетно образование со почитување и унапредување на неговото достоинство и оптимален развој. Овој пристап заснован на човековите права на детето го признаваат и Конвенцијата за правата на детето (КПД) и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП), па следствено, обврска на државата е да гарантира квалитетно образование за сите, и да обезбеди целосна поддршка за развој на потенцијалот на секое дете.
Впрочем, за исполнување, односно почитување на овој пристап, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител, може да стане збор само кога сите деца, вклучувајќи ги и најмаргинализираните и најисклучени деца, се вклучени во општиот образовен систем и добиваат сеопфатно и квалитетно образование.
Оттаму информираат дека при канцеларијата на Народниот правобранител функционира бесплатната телефонска СОС линија за деца и млади, и на бројот 0800 88 500 секој од децата ќе може да пријави каков било проблем, прекршување на некое нивно право, но и да сподели свои размислувања околу прашања поврзани со нивните права

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This