Hи cpaм, ни пepде: Филипче му се нaлyти на Пeндapовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза, реагира министерот за здравство Венко Филипче. По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој присуствуваше и Филипче, претседателот Стево Пендаровски рече дека срам за државата е што граѓаните се вакцинираа во Србија.

-Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели во неговата реакција министерот Филипче.

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, ѝ се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека „тоа е срам за нашата држава“ и „такви слики не смеат да се повторат“.

Пендаровски рече дека министерот за здравство Венко Филипче го информирал дека од утре почнува масовната имунизација на македонското население, а Пендаровски му рекол дека масовната имунизација треба да биде без прекини до целосно вакцинирање на сите граѓани во земјата.

„Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен во болница. Министерот Филипче ме увери дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност и „апелираше до приватните здравствени установи да се откажат од профитот и да ги направат своите услуги достапни за инфицираните“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This