Ha Kлиникaтa зa Уpoлoгиja утpoвo зaпoчнaa двe тpaнcплaнтaции нa бyбpeзи oд пoчинaт дoнop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови, информираат од Министерство за здравство.

„Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Министерот за здравство Венко Филипче упатува неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари. Дека можеме да веруваме во чуда и некој да добие втора шанса за живот. Благодарност до сите лекарски тимови кои се вклучени во оваа трансплантација. На пациентите им посакуваме брзо закрепнување по операциите,“ се вели во соопштението од Министерство за здравство.

Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This