HATO вojcката и годинава ocтана бeз пpeвоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ПР-от со НАТО членството и оваа година не и помогна на Шеќеринска да ја сокрие неспособноста на тимот што сама си го избрала.

Без разлика што е во свој втор мандат како министер, повторно четврта година по ред војниците и старешините на АРМ останаа без превоз.

За оваа состојба извори од Генералштабот за Лидер информираат дека навреме имале доставено барање до Министерството за одбрана, но дека партизираноста и неспособноста на службите во министерството е главната причина зошто војската остана без превоз.

Укинати се линиите од Виница, Кочани, Штип, Струмица, Радовиш, Куманово, Пробиштип до Петровец и Скопје до Велес поради истечени договори и нереализирани тендери.
На војниците и старешините им било кажано да се снаоѓаат за превоз кој како знае и умее, а средствата ќе им биле надокнадени.

Очигледно е дека Министерката не размислува како тоа влијае на безбедноста на самите луѓе но и на моралот на војската. Припадниците на Армијата кои не исконтактираа се жалат дека се снаоѓаат како знаат и умеат. Со дотраени приватни возила, или со редовни автобуски линии. Многу голем дел од нив, велат тие, не седат по цел ден во канцеларија, туку извршуваат задачи и учествуваат на разни обуки кои бараат и физичка и психичка подготвеност. После таков ден треба да возат до дома или сами да си најдат превоз.

Се поставува дилемата: дали навистина проблемот е во неспособноста на менаџментот на Министерството за одбрана и АРМ навремено да решат вакви важни прашања, или се работи за намерна манипулација со договори и анекси на договори за превоз поради остварување на профит на фирми блиски до СДСМ и Шеќеринска?

Војниците се прашуваат до кога ќе слушаме само празни флоскули за подобриот професионален и животен стандард на војската?

Се чини дека со овој континуирано несовесен однос кон своите припадници, Министерството и ГШ нанесуваат штета на угледот и на достоинството на војничката професија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This