Heма пpeчка гpaѓаните да се вakцинираат во Cpбија ако добијат ypeдна потвpдa, вeлaт од министepcтвoто за здpaвcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од македонското министерство за здравство велат дека нема никаква пречка македонските државјани да се вакцинираат во Србија или во која било друга земја, ако добијат уредна потврда.

Ваквиот став на Министерството доаѓа откако голем број граѓани викендов добија термини да ја примат вакцината „АстраЗенека“ во Белград.

Граѓаните кои преку официјалната страна на Институтот за јавно здравје на Србија се пријавиле за вакцинирање како странски државјани, а викендов масовно ќе се вакцинираат во просториите на Белградскиот саем. Наместо во Центрите за јавно здравје во градовите каде што се пријавиле, сите ќе се вакцинираат на едно место во главниот град.

Покани за вакцинација добиле само оние граѓани кои изразиле интерес да се вакцинираат со било која вакцина, а вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“.

Од Министертсвото за здравство не се информирани дека македонски граѓани викендов ќе одат на вакцинација во Србија, но велат дека нема пречка тоа да го сторат.

Секој што може да обезбеди вакцина, може да се вакцинира било каде. Не можеме никому такво нешто да му забраните, но постои услов да добијат уредна потврда за имунизација, со што тие граѓани во земјава ќе се водат како вакцинирани – велат од Кабинетот на министерот Венко Филипче, за „СДК.мк“.

Во земјава сè уште не е почната масовната вакцинација на населението ниту пак се знае точен датум кога ќе почне. Досега се вакцинирани само дел од медицинските лица со вакцините на „Фејзер“ донација од Србија и 3.000 на „Спутник“ купени од Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This