April 30, 2024, 12:29 pm

Heнaдejнo пoчинa гepмaнcкиoт aмбacaдop вo Кина, пpeд двe нeдeли ja пpeзeдe фyнкциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер почина на 54-годишна возраст, помалку од две недели откако ја презеде функцијата, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата на 24 август, објави Амбасадата во Пекинг на социјалната мрежа Вичет. Причината за смртта се уште не е утврдена.

– Ние сме во длабока тага поради ненадејната смрт на германскиот амбасадор во Кина, соопшти германското МНР.

Хекер изгледаше среќен и добро кога минатиот петок беше домаќин на настан посветен на германскиот уметник Јозеф Бојс во неговиот дом во Пекинг, изјави еден од гостите на настанот. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This