Heшто нe e во peд во бopбата со пандемиjaта, зошто има евтин лek кој пomaга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за лекот „ивермектин“, кој бил еден од поевтините лекови кои се покажале успешни во борбата против коронавирусот, доктор Никола Пановски во „Само вистина“ рече дека треба да се размисли овој да се дава овој лек кај тешките клинички случаи.

„Ивермектин“ најмногу го знаат ветеринарите, тоа е лек кој постои одамна, го даваа во Австралија со „доксицилин“ го даваа во Индија, Багладеш, Египет и имаа резултати со евтин лек. Тоа нешто кажува дека нешто не е во ред во борбата со пандемијата, ако луѓето пиеја евтини, ама фантастични лекови, да помогнеше државата ќе беше поинаку, бидејќи и онака сакаат да пијат лекови. Треба да се размисли итно да се дава лек кој спасува животи, лекот постои 50 години треба да се набави, лекот е многу евтин. Австралија почна да го дава прва и ефектот е добар, рече тој.

Според него, „ивермектинот“ може да се пие кај здрави кои биле во контакт, кај болни, се дава ефекти и во болница.

Некои бараат големи студии, ако се почне сега ќе завршат во јуни. Има еден научник во Америка вели подобро да пијат „ивермектин“ кој би чинел 3,5 милијарди отколку вакцина која чини 13,7 милијарди долари, вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This