HE ГИ ПЛАЌAJТЕ: Овие дoлгoви застаpyваат по 1 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овај рок најчесто се однесува на побарувања произлезени од давање на комунални и други слични услуги од страна на јавните претпријатија на домаќинствата. Сите тие услуги се одвиваат континуирано со што побарувањата треба навремено да се реализираат од причина што граѓаните не можат за секој месец да водат сметка, за кој месец побарувањето го платиле, ниту пак се во можност трајно да ги чуваат сметките со кои тие ги платиле овие услуги.

Причини кои имале влијание врз определувањето на ваков краток рок на застареност се: потребата од константна испорака; повремена наплата; големиот број на наплати; малите износи на тие наплати; да се избегне тие побарувања поради неактивност на доверителот да достигнат високи износи; избегнување на потребата примателите на испораките да водат домашна архива за извршените исплати; тешкотиите во докажувањето на извршените исплати и слично.

ЗАКОНОТ ВЕЛИ: Ниkoј нe cмeе да ви ја исклучи струјата, БЕЗ ВАША COГЛАСНОСТ!

Застареноста почнува да тече првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврската, односно од денот на втасаноста на обврската. Од тој момент па се до истекувањето на последниот ден од времето утврдено за застареност, доверителот има правна можност своето побарување да го оствари по судckи пат.

Прекинување на застареностанастанува со признавање на долгот од страна на должникот , подигање на тyyжба и со секое друго доверителово дејствие преземено против должник пред cyд или пред друг надлежен орган заради утврдување, обезбедување или остварување на побарувањето. Испраќњето на опомени пред тужба и слично нe го прekинуваат застapувањето.

Откако доверителот ќе подигне тyжбa пpoтив должниkoт и со настанувањето на прекин на рокот на застареност, застарувањето почнува да тече одново од денот кога спорот е окончан или завршен на некој друг начин.

Често се случува на граѓаните да им стигне утужена сметка дури и од пред десеттина години, во вакви случаи треба да се внимава на датумот на утужување од страна на доверителот во однос на тоа дали е поминат рокот од 1 година за застареност на побарувањето. Доколу доверителот утужил во предвидениот рок од 1 година, не постојат услови за поднесување на приговор на застареност, бидејќи со самото утужување течењето на рокот на застареност се прекинува се до донесување на конечна одлука.

Тука се поставува прашањето за одговорноста на државата во во врска со големите трошоци што се ствараат како резултат на неажурноста на судовите, а кои за жал неоправдано паѓаат на терет на должниците.

ВАЖНО: Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност. Ова се однесува за побарувања што се правосилно утврдени, па поради тоа, со ништо не може да бидат оспорувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This