HE ПРИФАЌАМЕ УЦEHИ И ЗAKAHИ: Ние кои сме деца чиишто прв плaч беше на македонски јазик, кои што денеска сонуваме на македонски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кога и да е, бај Гањо посилно ќе се џимне во сонот и самиот ќе се увери во лошотилакот зa сонот за непризнавањето на македонскиот јазик. Самиот ќе се увери во тоа зошто во лошиот (и злобен) сон го натопува перничето во постелата на сопствените илузии. Од дијалект јазик не бидува, ниту цел еден стандарден, кодифициран и општопризнат јазик може да се прогласи за дијалект само затоа што му се ќеифнало на некој неук, вели новинарот и реномиран македонски писател, Ристо Лазаров, за ставот на БАН дека македонскиот јазик е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик”.

„Оние кои се разбираат барем малку од малку од историјата на македонскиот јазик, знаат врз основа на кој говорни подрачја и наречја е растен тој, јазикот. Оние кои се разбираат од јазикот, знаат колку книги од македонски автори се преведени на бугарски јазик. Од кој јазик? И во обратна насока, се разбира.

Ние кои сме деца чиишто прв плач беше на македонски јазик, кои што денеска сонуваме на македонски, исто како нашите деца и внуци, не го прифаќаме ваквото бугарско однесување: никакви уцени и дволичности, не можат да ни го украдат јазикот – нашата татковина, како што, сетики не попусто велеше Блаже Конески. Давајте колку што сакате пасоши. Имаме доволна одважност да ги одбиеме сите недобронамерни измами и подметнувања. Додека не земјината топка ќе живее последниот Македонец, дотогаш ќе трае и јазикот наш, македонски. Непристојно е од нас да се бараат само отстапки и во името на туѓи цели да не снема. Најжално е тоа што ова не е единствена атака врз нашиот јазик и тоа се повеќе заличува на оркестрирано превишување на мерката. Нека не се залажува кој и да е, дека Македонија ќе влезе во Европската унија и во НАТО без македонскиот јазик.

А ќе влезе, колку некому тоа да не му е по ќеиф“, вели Лазаров, впо интервјуто за Дојче веле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This