He e битнo да cи убaв туку упopeн: Пoпишyвaчoт ќe вe бapa сѐ додекa нe ве нaчeкa дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На речиси десет дена пред почетокот на пописот граѓаните честопати се прашуваат што треба да направат доколку попишувачот не ги најде дома или доколку едно семејство има два или повеќе станови и куќи, па дали треба и на тие адреси да се попишуваат.

За овие прашања побаравме одговор од директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој за Плусинфо објасни какви се точно обврските во вакви или во слични ситуации.

– Доколку попишувачот на точната адреса не најде никој од семејството дома, тој има обврска да остави белешка, кога точно повторно ќе дојде на таа адреса, а тоа може да се случи и три или четири пати. Бидејќи работното време на попишувачите е од 08 до 20 часот, поради тоа препорачуваме лицата кои треба да бидат попишани на истата белешка да остават точна саатница кога ќе бидат дома за попишувачот да дојде. Во минатото во ваква ситуација, попишувачот оставаше белешка по што попишуваните лица требаше да јават во локалната канцеларија за попис, но овој пат не е така – ни изјави Симовски.

Директорот на ДЗС потенцираше дека речиси 30 проценти од граѓаните не живеат на адресите кои им се во личната карта, поради нивни лични причини. Но, сепак попишувачите ќе имаат обврска да ги лоцираат и да го спроведат пописот на адресата каде што можат да ги најдат или тоа ќе го стори некој друг попишувач.

– Како што повеќе пати информиравме, ќе спроведеме комбиниран начин на попис со користење на податоци од неколку регистри, па така попишувачите според матичниот број ќе имаат увид кое лице каде има адреса на живеење. Доколку на таа адреса не живее никој, тогаш попишувачите ќе ги лоцираат и ќе го извршат пописот – вели Симовски.

Тој преку пример ни објасни зошто оваа статитичка операција е важно да се спроведе. Доколку едно семејство има стан во Општина Центар и во Општина Кисела Вода, а тоа живее во едниот од нив, тоа ќе биде од големо значење за креирањето на развојната политика на општината во која што живеат, така што локалните власти ќе имаат точен увид во бројот на жители во таа општина.

Според последните информации, преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот утрово (22.03.2021) се евидентирани вкупно 121.520 лица.

Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.

Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на Македонија, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1 до 21 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This