Hecпocoбнaтa СДСМ ja втypнa eкoнoмиjaтa вo aмбиc, пaдoт нa eкoнoмиjaтa зa 2020 изнecyвa 4,9 пpoценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економијата тоне. СДСМ ја втурна државата во амбис. Државниот завод за статистика денеска објави дека падот на БДП во третото тримесечје изнесува минус 3,3 проценти. Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 проценти, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарение на неспособната СДСМ, потрошувачката на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти. Народната банка на Северна Македонија за 2020 година проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наспроти предвидениот пад од 3,5 проценти во април. Тоа е така затоа што мерките што ги донесе власта на чело со СДСМ и Заев беа лоши, паушални, непромислени и задоцнети. Оваа мафија на власт, за четири години според проекциите, ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, а граѓаните не видоа ниту денар од тие пари. Само трошки за македонските граѓани. И според Институтот за економско истражување и политики ‘Finance think‘, мерките на владата не само што не успеаја да го подигнат сентиментот на пазарот, туку и го продолжија неговиот пад. СДСМ и Заев кои се во заминување, си го скроија буџетот единствено за партиски потреби. Граѓаните во Македонија живеат со по две евра на ден, но тоа воопшто не ја загрижува оваа мафија на власт“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This