Македонската економија официјално е во рецеција. Бруто домашниот производ во два последователни квартали забележува пад. Во третото тримесечје падот е минус 3,3 отсто, а во второто – 14,9 отсто пад на БДП. Според Државниот завод за статистика најголемо намалување има во извозот и тоа за 6,8 отсто и во финалната потрошувачка за 1,4 отсто. За Владата, падот на БДП е очекуван и нема да ги надмине нивните проекции.
„Имајќи го во предвид трендот кој е на нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме и проекциите кои ги имаме за 2020 и нема да имаме поголем пад на економијата од 4,5 отсто односно би требало да се движи од 4,2 до 4,5 отсто“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.