Hema вeќe poтиpaње: Администpaциjaта се вpaќа на paбота од 1-ви февpyaри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната администрација во полн состав ќе се врати на работа од 1 февруари, велат од владата за „Сакам да кажам“.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од први февруари се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места.

За конечна одлука ќе биде земена предвид препораката на Комисијата за заразни болести којашто ја следи епидемиолошката состојба во однос на коронавирусот во државата, одговараат од Владата.

Поради зголемениот број на случаи, од 20 октомври административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.

ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈАВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This