April 26, 2024, 12:52 pm

Hoви пpoтecти пpoтив eпидeмиoлoшкитe мepки вo Бpиceл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ститици луѓе без маски протестираа денеска против епидемиолошките мерки воведени како заштита од Ковид-19 во близина на институциите на Европската Унија во Брисел, извикувајќи: Слобода!

Протестот почна во градскиот парк, од каде учесниците се упатија кон плоштадот околу кој се наоѓаат канцелариите на функционерите на ЕУ, меќу кои и седиштето на Европската комисија.

Полицијата им го попречи приодот на плоштадот со бодликава жица, а кордон од 40 интервентни полицајци спречија демонстрантите да се приближат. Учесниците се разтидоа мирно по околу четири часа.

„Нема корона вирус. Тоа е обичен грип“, рече Миријам, 48-годишна демонстрантка за АФП.

Белгија пред седум месеци почна да ги попушта мерките затоа што бројот на заразени почна да опаѓа, но се уште се задолжителни маските и на отворено и на затоврено, иако рестораните и кафулињата работат со ограничен број посетители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This