Hoви 22 пaциeнти ce хocпитaлизиpaни вo Koвид цeнтpитe вo Скопје, вкyпнo 375 лицa ce лekyвaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Дерматологија. Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на
Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Вкупно 375 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This