Hoв ckaндал: 3aплeнети нapкотици кај роднина на заменик министер на МВР?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По големата акција во Арачиново, пред неколку дена го имавме најфлагрантниот случај на заплена на поголемо количество на дрога и тоа над 100 килограми наркотици запленети кај роднина на заменик министерот на МВР, Назим Буши, нагласуваат Алијанса за Албанци Алтернатива во заедничкото сопштение и го повикуваат Буши да поднесе оставка на функцијата.

Коалицијата на двете партии наведува дека овие полициски акции се случуваат пред најавата за предлог – закон за легализација на наркотици најавени од ова власт и од премиерот Зоран Заев.

–Од страна на МВР до денеска немаме подетални информации во врска со овие акции и кој сѐ е одговорен, но последниот случај со запленети наркотици кај роднината на заменик министерот Буши, нѐ наведува на мислењето дека во овие случаи во трговија со наркотици се вклучени експоненти од власта, нагласуваат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и бараат оставка од заменик министерот на МВР.
Двете партии наведуваат дека оставката треба да биде дадена од морална причина, но и сметаат дека Буши „може да влијае во разјаснување на случајот за време на истрагата, но и врз судењето за такво кривично дело”.

Коалицијата смета дека денеска на прес-конференцијата премиерот Заев покажал многу повеќе интерес во врска со легализација на наркотици и за придобивките од легализација на ова индустрија, што ќе придонесе за Владата, не сметајќи на последиците и проблемите кои може да ги предизвика овој закон кај граѓаните на земјава.

–Зоран Заев изгледа брза во неговите напори за овој закон што поскоро да помине во парламентот и со ова тенденциозно сака да ги покрие последните настани со запленети наркотици и другите криминални случаи кои речиси секој ден се случуваат во бизнисот со наркотици, наведува коалицијата и го прашува премиерот дали е сѐ во материјалните придобивки за Владата.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива нагласува дека нема да подржи таква идеја за легализација на наркотици и дека нема да гласи таков закон, „бидејќи нашата дилема е дали на премиерот Заев побитна му е семејната економија или државната економија?”

-За коалицијата граѓанинот е секогаш на прво место, се наведува на крајот од соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This