Hoв ckaндaл со mapиxyaна: Bmeшан бизниcmeн близok на 3aeв и poднина на заменик миниcтep вo MBP

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крушевската фирма „5 летерс“ е пред одземање на лиценцата за одгледување марихуана откако при инспекција било утврдено дека покрај сомнителен грабеж во магацините биле пронајден канабис кој никаде не е заведен и можел да биде пуштен во илегална продажба.

Емисијата 360 Степени на Алсат М открива дека станува збор за фирма чие производство е лоцирано во крушевското село Алдинци, од која неодамна без украдени 60 килограми марихуана, а при увид била пронајдена и непријавена количина канабис.

Фирмите за одгледување марихуана досега ожнеале 22 тони сув цвет од растението. Но, крадци веќе им одзедоа една десетина при кражбите во валандовско Јосифово и во крушевско Алдинци, објавува Алсат М според кој заедничка акција на Меѓуресорската комисија и МВР открила дека во една од ограбените фирми се одгледувала и марихуана која не била пријавена.

„На 20 декември е извршен инспекциски надзор од надлежните тела и констатирани се неправилности, односно констатирано е дека е засаден канабис, а нема евиденција за тоа“,

Изјавил за емисијата Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Според емисијата објавена во јуни 2019 на хрватската телевизија РТЛ за „бумот со медицинскиот канабис во Македонија“, еден од сопствениците на фирмата 5 Летерс, новинарот на РТЛ го опишува како близок до власта поточно до премиерот Заев.

„93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски. Пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија, што во оваа земја е голем плус. До пред една година немал никаков допир со марихуана. Но, како вистински бизнисмен, ја намирисал добрата можност за заработка од зеленото злато, како што сам го нарекува“, наведувааат новинарите во документарецот во кој блискиот човек на Заев е оптимист дека “во наредните две-три години инвестицијата веќе би можеле да ја вратиме“, изјавил тогаш Зоран Јаневски, косопственик на „5 летерс“ пренесува Алсат М.

Година и пол по оваа изјава, во декември 2020, токму од „5 летерс“ се украдени околу 60 килограми марихуана. Меѓу тројцата осомничени е и роднина на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

„Одговорноста е индивидуална и секој од нас мора да одговара. Не можам да бидам одговорен за никој друг, она за што сме обврзани се нашите деца“, изјавил пред еден месец Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи.

По грабежот, во фирмата се прави вонредна инспекција. Следуваат уште неколку настани кои завршуваат со откритие на МВР дека ограбената „5 летерс“ и самата го крши законот. Фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен, што е спротивно на закон.

При претресот, од фирмата која според РТЛ е на пријател на премерот, полицијата одзема 18 301 растение канабис, кои биле спакувани во 247 вреќи. За управителот со иницијали К.Б. е поднесена кривична пријава.

„На 20 декември е извршен инспекциски надзор од надлежните тела и констатирани се неправилности, односно констатирано е дека е засаден канабис, а нема евиденција за тоа. Преземени се соодветни мерки и активности, документиран е случајот и на 26 јануари, по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес во ова правно лице и притоа се одземени 247 вреќи со канабис, компјутерска опрема и друга документација поврзана со истрагата. Претходниот ден, исто така, е направен и претрес на правното лице од која е одземена документација“,
објаснува Ангеловски од МВР.

„360 степени“ пред три недели побарал одговори од „5 летерс“ за тоа како било можно да се случи кражба во нивниот објект. Не добиле одговор ниту од нив ниту од „Херб индустри“, компанијата од валандовското село Јосифово од чиј магацин спектакуларно беа украдени два тона марихуана, само две недели пред грабежот во Крушевско. Во тој случај полицијата успеа да пронајде само 231 килограм од украдената марихуана во претреси во Арачиново, а другиот дел, според МВР, завршил во Косово. Уапсени се шест лица.

Обвинителството, засега, не соопштува многу повеќе од она што се знае.

„Во предметот со украдената марихуана од магацинот од с. Јосифово, четири осомничени лица се сѐ уште недостапни на органите на прогонот, а за шест лица мерката притвор е продолжена. Воедно, мерката притвор е продолжена и за тројцата осомничени во предметот во врска со случајот во крушевско, каде беа запленети 60 кг дрога. Предметите пронајдени при извршените претреси, меѓу кои, и дел од украдената марихуана од магацинот од с. Јосифово, се предадени на вештачење“,
ни одговорија од Обвинителството, се вели во извештајот на 360 степени.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This