KАВГА ПОМЕЃУ АДВОКАТОТ НА ГРУЕВСКИ И ФАТИМЕ: Фетаи нервозно му препорача на Дангов да замине во Унгарија и таму на Груевски да му дава правни совети за азил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бидејќи веќе неколку дена е барател на азил, во Унгарија, екс премиерот Никола Груевски не се појави на денешното рочиште за “Насилството во Центар”. Од затворот “Скопје”, пак со затворска полиција, беше спроведен екс министерот Миле Јанакиески.

На денешното рочиште обвинителката Фатиме Фетаи побара на Груевски да му се суди во отсуство, бидејќи рече дека не може да се предвиди кога обвинетиот ќе биде достапен.

Адвокатот Димитар Дангов пак од судот побара постапката за Груевски да се раздвои. Како што рече Дангов, позната била адресата на која се наоѓал Груевски, па затоа тој не бил бегалец, туку го искористил правото да побара азил. Обвинителката Фатиме реагираше дека Дангов зборува за друга околност, за азил, па му препорача на Дангов да замине во Унгарија и таму на Груевски да му дава правни совети за азил.

Потоа обвинителката Фатиме од судот побара на Груевски да му определи и притвор. Таа потсети дека во текот на вчерашниот ден на Груевски му бил одреден притвор за случајот “ТНТ”, но истакна и дека секој предмет бил засебен.

Судот донесе одлука на Груевски да му се суди во отсуство, а за мерката притвор ќе одлучат откако од Собрнието ќе добијат известување дека за пратеник се бара притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This