Kако оди времето се плашам дека до 5 јули дури ќе имаме и повеќе заболени од денешнава бројка што изборите ги прави невозможни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се потрудиме да не го нервираме многу доктор Жарко Караџовски. Ќе зборуваме само со факти, напиша на Фејсбук Стевчо Јакимовски.

Нели луѓе пред само два дена овој човек во еуфорија дури и со графикони ни кажуваше дека последниве денови нема ниту еден заболен од Ковид-19 на респиратор. Денес имаме седум починати!

Или докторов лажеше заедно со графиконите или ние не го разбираме. Колку да сме прости, неуки и лаици сепак знаеме што значи 122 ново заболени и седум починати. Да ве потсетам вонредна состојба ни воведоа во март кога имавме само 16 заболени и нула умрени.
Веќе сме во хаос!

Наместо да се перчиме и некој да дава прогнози кои не му траат ниту два дена, подобро е да побараме помош од надвор зошто ѓаволот ја однел шегата.

Гледам пак пена им фатила устата за избори на 5 јули.

Имам неколку прашања:

Ќе објасни ли некој како ќе гласаат заболените од коронавирус?

Кој е тој мајчин што ќе влезе во нечиј стан, куќа или да оди на интензивна нега во болница каде гласачот е инфициран од вирусот. Секој нека се запраша дали тој би имал храброст заедно со избирачкиот одбор да оди кај инфицирано лице а гласањето мора да се изврши во присуство на тој одбор. Не е можно да му го дадеш ливчето па тој во домот да го заокружи и да ти го врати, бидејќи тоа не во согласност со закон. Избирачкиот одбор мора да надгледува кога некој ќе гласа дали слободно ја изразува сопствената волја или некој друг гласа наместо него.

Бидејќи се работи за различни, тоа значи различни избирачки одбори ќе треба да одат кај заразени гласачи и ќе треба да облечат специјални заштитни одела, маски, кондури и ракавици исто како медицинските лица кои се во контакт со заразените. Потоа да излезат од домот на гласачот да ја пресоблечат заштитната опрема и кога ќе влегуваат кај друг да облекуваат нова.

Ќе се сложите дека е многу опасно и ужасно сложен процес. На пример во Карпош има 62 заболени а тоа значи дека треба да се влезе во исто толку домови. Ако се има во предвид дека на ниво на државата има над 1500 активни случаеви и ако ги поделиме во шест изборни единици би имале по 260 заболени кај кои што ќе треба да се оди дома или во болница. Овие 260 гласачи може да одлучуваат за пратеник во некоја изборна единица. На пример во 2014 година за 320 гласа ГРОМ не доби пратеник во ИЕ бр.4 а доби пратеник во ИЕ бр.1 со само 92 гласа повеќе од потребното.

Мислам дека сум јасен, за да има кредибилни избори гласањето кај овие 1500-1600 заболени мора да биде беспрекорно ако сакаме да имаме фер и демократски избори.

Но како оди времето се плашам дека до 5 јули дури ќе имаме и повеќе заболени од денешнава бројка што изборите ги прави невозможни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This