Kинa coвeтyва авионcкитe eкипaжи дa нocaт пeлeни зa дa ce спpeчи шиpeњето на Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската агенција за воздушен сообраќај ги советува авионските екипажи да носат пелени за да избегнат одење во тоалет, а со цел да се намали ризикот од ширење на Ковид-19, пренесува Би-би-си.

Носењето пелени се препорачува во новите упатства за авиокомпаниите.

Регулаторот вели дека ова се однесува на чартер летови до дестинации каде што ризикот од инфекција е голем.

Авиокомпаниите ширум светот ги менуваат правилата за да ги привлечат луѓето повторно да патуваат.

Кинеската агенција издаде нови упатства на 49 страници за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус.

Делот за пелените се однесува на чартер летови до дестинации кои имаат повеќе од 500 заразени на милион жители.

На стјуардесите и стјуардите исто така им се препорачува да носат маски, ракавици, капи, заштитна облека и заштита на обувките.

Истото ова, освен пелени, им се препорачува и на пилотите, додава Би-би-си.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This