KЛЕКОВСКИ КОНТРА ЗАЕВ: Избори без опозиција ќе бидат погубни за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сашо Клековски смета дека за Македонија ќе биде погубно ако се оди на избори кои нема да бидат фер и демократски, со согласност и учество на главните политички ривали. Ова беше одговорот на аналитичарот Сашко Клековски во емисијата „360 степени“ на прашањето дали избори без опозицијата е реално можно сценарио.

Тој истакна дека Македонија има примери кога избори се одржувале без учество на главни политички ривали при што ги спомена изборите од 1994 година кога ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП одлучиле да не учествуваат на изборите и кои после тоа многу лошо се одразиле верз СДСМ.

– Ние сме имале таков случај. Тоа беа изборите 94-та година, кога ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП донесоа одлука да не не учествуваат поради масовно кршење на изборните правила. И на крај тоа заврши лошо по СДСМ и се надевам дека сите ќе извлечат поука од тоа искуство. Мислам дека за Македонија ќе биде погубно да оди на избори кои нема да бидат фер и демократски со согласност на главните политички ривали, рече Клековски.
Неопходен е консензус за одредување на датумот бидејќи, појасни Клековски, ова се избори кои што се договараа заеднички од најголемите политички, ова се избори чие што одлагање се договори помеѓу сите политички партии и соодветно на тоа, сите политички партии да го договорат новиот датум.

Ако навистина, како што декларираат преговарачките страни, дека јавното здравје им е најважно, тогаш смета Клековски, партиите треба да ги земат предвид мислењата на експертите, кои велат дека за да има избори треба 14 дена процентот на ново дијагностицирани на Ковид-19 да биде под 5% од вкупниот број направени тестови.

– И едната и другата политичка партија декларираат дека им е важно јавното здравје. Ако е така, тогаш очекувано е, за мене, двете политички партии да ги обзнанат критериумите со кои се докажува дека Македонија е надвор од опасност на корона вирусот. А и заменик министерот за здравство, пред недела дена, кажа дека за да можеме да зборуваме за избори треба, најмалку 14 дена на имаме ново дијагностицирани на Ковид-19 под 5% од вкупниот број направени тестови. Затоа, неопходно е, доколку јавно здравствените интереси се примарни, да во моментот на носење на одлука да имаме 14 дена на намалување на бројот на позитивни тестови од вкупниот број направени тестови, констатираше Клековски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This