Kaзната за невakцинирани ќе биде 250 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невакцинираните граѓани кои од понеделник ќе бидат затекнати во угостителски објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19, а при тоа не се исполнети условите од последната мерка донесена од Владата, ќе платат казна од 250 евра.

Ова последно го потврди директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска, која додава дека казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Засега угостителите немаат прецизни директиви како ќе ја организираат редарската служба, а истовремено Државниот пазарен инспекторат нема овластувања да бара вакви податоци од гостите во објектите и на самите настани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This