April 27, 2024, 11:49 pm

Kaтастрофaлните мерки дадоа катacтрофални резултати: Македонија со најцрн биланс во регионот и поширико

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот бран на КОВИД-19 придонесе во регионот да се заоструваат мерките со цел да се заштити населението од вирусот. Додека мерките се заоструваат кај соседните земји како што е полициски час, забрана на движење, затворање на трговски центри и угостителски објекти, во Македонија се одвива се како да не постои коронавирус. Според министерот за здравство Венко Филипче нема потреба од заострување на мерките бидејќи ситуацијата е под контрола.

„Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио“, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче во една од своите изјави за медиуми.

Филипче и Комисијата за заразни болести додека се мислат за мерките, во регионот мерките стануваат се построги.

СЛОВЕНИЈА

Словенија уште пред почетокот на вториот бран на КОВИД-19 го укина јавниот превоз, воведе забрана за групирање и собирање на граѓани, а во одредени делови од земјата кои се во т.н. црвена зона затвори се. Во тие предели работат само продавници за храна и е забрането од црвена зона да се движиш во другите зони кои се означени со жолто.

Таму до сега на еден милион жители починаа 421 граѓанин.  А, вкупно досега се тестирани двојно повеќе од кај нас односно 447.973 граѓани.

ЦРНА ГОРА

Црна Гора воведе забрана на движење на граѓани од 21 часот навечер до 5 часот наутро. Работното време е скратено, се може да работи до 20 часот. И е забрането групирање на граѓани.

„За жал, кај еден дел од нашите граѓани и покрај сите апели, пораки и мерки не дадоа резултати. Затоа што ако некој отиде во друг град во ситуација да се затвори локал во нивниот град, тогаш навистина не сме постигнале ништо“, рече Бобан Мугоша од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Дури и Црна Гора според податоците дека има околу 700.000 жители, сепак има повеќе направено тестирања од Македонија. Црна Гора има вкупно направено 112.853 тестирања на граѓани од КОВИД-19.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во Босна и Херцеговина исто така е воведена забрана на движење на граѓани од 23 часот до 5 часот наутро. Во Република Српска има мерка да се затворат сите угостителски објекти навечер и исто така стапи на сила забрана на било каква прослава.

МАКЕДОНИЈА

Според актуелната Влада, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче бројката од 1.376 починати лица не алармира за воведување на построги мерки. Бројката на заболени која изнесува 48.613 не ја застрашува власта за да ги заштити граѓаните од смртоносниот вирус кој коси низ светот.

Активни случаи во Македонија има 18.591, бројка која не ги загрижува одговорните и да се запрашаат зошто нивните „мерки“ не вродуваат со плод. Да имаше Македонија мерки како земјите во регионот, можеби немаше да сме први по смртност и заразени во Европа па и пошироко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This