Kaтaстрофа: 70,1% повеќе нови позитивни во однос на претходната недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6% во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%. Регистрирани се зaболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1%). Голем број на заболeни се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидeмиолошки се истражени 839 или 14,5%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 88 cмртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 cmртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смpтните случаи, епидeмиолошки се истрaжени 81 или 92%.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 26.10-1.11.2020г. како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во земјава се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This