Kaшa-пoпapa: Филипче чека 200.000 вakцини oд Кина, а Заев бapaл дoзвoлa oд НАТО и од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се знае кога точно, но кинеските вакцини ќе бидат први што ќе пристигнат во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека очекува тоа да се случи до крајот на месецов.

– Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат кинеските вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме – изјави Филипче.

Тој додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и дека се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.

Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека земјава разговарала со НАТО и со Вашингтон и заедно утврдиле дека набавката на вакцините од Кина не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.

– Правиме обиди да набавиме вакцини од секаде каде што ни се достапни. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Во самата постапка ќе ја следиме компетативноста, за да добиеме поповолни услови, а обезбедивме и домашен партнер за спроведување на постапката, тоа е компанијата „Алкалоид“ – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоција на проекти за домување на Ромите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This