Kapaкачанов: Ако Maкедонија нe го иcпpaти, Гapванлиев cлeдната година ќe пee за Бугapија на „Евpocoнг“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов денеска излезе со партиско соопштение во кое вели дека ќе работи на тоа следната година Васил Гарванлиев да ја претставува Бугарија на Евросонг, доколку Македонија го повлече од овогодинешниот настап.

„Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму.

И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ, се вели во дел од соопштението на партијата предводена од бугарскиот министер за одбрана која е дел од владеачката коалиција.

Изминатите денови МРТ соопшти дека ќе формира комисија да го преиспита настапот на Гарванлиев откако првично во кадар на неговиот спот се појави уметничко дело кое потсетува на бугарското знаме, а потоа беше покрената петиција тој да не учествува на Евросонг затоа што имал два пасоши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This